Burak Bir
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека 18 луѓе, наводно припадници на сирискиот режим, се заробени во сирискиот град Рас ал Ајн, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството на Твитер профилот објави дека 18 лица се заробени во текот на пребарувањето во југоисточниот дел на Рас ал Ајн.
Од Министерството уште наведоа дека инцидентот се истражува во координација со властите на Русија.
Турските сили на 9 октомври ја покренаа воената операција Извор на мирот", на североистокот на Сирија со цел елиминација на терористичките елементи ЈПГ/ПКК поради обезбедување на турската граница и овозможување на доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.