Betül Yürük
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (ОН) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, на 31 октомври ќе допатува во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова го потврди Ферхан Хак, еден од портпаролите на Генералниот секретаријат на ОН, за време на дневниот брифинг со медиумите.
„Генералниот секретар во четврток ќе биде во Истанбул, ќе се состане со претседателот (на Турција) Реџеп Таип Ердоган, и ќе учествува на Медијаторската конференција во Истанбул“, рече Хак.
Тој нагласи дека Гутереш исто така ќе ја посети Технолошката банка основана со цел поддржување на најмалку развиените земји, и се наоѓа во подрачјето на Гебзе.