Ekipa
11 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ИДЛИБ (АА) - Бројот на загинати од воздушните напади изведени од страна на силите на сирискиот режим и Русија во деескалационата зона во Идлиб се искачи на 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на цивилната одбрана „Бели шлемови“, во нападите повредени се 39 цивили, од каде додадоа дека бројот на жртвите може да порасне.
Напади се извршени врз градовите Ма'ар Шорин, Кан Шејхун, Ал-Таманах и Шеик Идрис во покраините Идлиб и Хама, во градовите Лтамена и Кафр Зејта, соопштија од цивилната одбрана.
Турција и Русија минатиот септември постигнаа договор Идлиб да се претвори во деескалациона зона во која актите на агресија би биле строго забранети.
Но, и покрај тоа, сирискиот режим континуирано го крши прекинот на огнот, со честите напади во деескалационата зона.