Eşref Musa
23 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
РЕСУЛАЈН
Во северниот дел на Сирија, во подрачјето Ресулајн кое е под контрола на воената опозиција, извршен е терористички напад со возило исполнето со експлозив. Според првичните проценки, во експлозијата животот го загубија двајца цивили, а најмалку 7 лица се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбашки напад е извршен во близината на зградата на Парламентот во централното подрачје на Ресулајн, кое во рамките на операцијата „Извор на мирот“ е расчистено од терористите од страна на Турските вооружени сили и Сириската национална војска.
По активирањето на бомбата поставена во едно возило, според првичните проценки, животот го загубија двајца цивили, а 7 лица се ранети.
Ранетите лица, меѓу кои се наоѓаат и претставници на локалната воена полиција, префрлени се во најблиските болници.
Терористичкиот напад предизвика и оштетувања на околните трговски објекти.
Безбедносните единици започнаа истрага на местото на настанот, а се претпоставува дека е можно нападот да е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Централното подрачје на Ресулајн, сместено во северниот дел на Сирија, ослободено е од терористичките елементи на 12 октомври 2019 година во рамките на операцијата „Извор на мирот“.
Терористите на ЈПГ/ПКК од местата Ајн Иса и Тел Темир често вршат напади врз подрачјата на Ресулајн и Тел Абјад.