Ömer Erdem
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ХАРТУМ
На африканскиот континент во изминатите 24 часа од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 687 лица, со што вкупниот број на починати достигна 16.479, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, на африканскиот континент во истиот период е потврдено заразување кај уште 19.366 лица.
Вкупниот број на заразени во Африка се зголеми на 773.418, додека излекувани се 438.288 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Најмногу смртни случаи предизвикани со Ковид-19 се забележани во Јужноафриканската Република, каде што борбата со Ковид-19 ја изгубија 5.940 лица. Следуваат Египет (4.440), Алжир (1.111), Нигерија (813) и Судан (708).
Најголем број на заразени е регистриран исто така во Јужноафриканската Република, каде што се потврдени 394.948 случаи на Ковид-19. Следуваат Египет (89.745), Нигерија (38.344), Гана (29.672) и Алжир (24.872). Во Еритреја, Уганда и Сејшели сѐ уште не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.