Halit Süleyman
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Сириската опозициска војска соопшти дека на северот од градот Алепо неутрализирала 30 милитанти на ДАЕШ, кои се обиделе со две возила полни со експлозив да навлезат во местото Мари, уништувајќи ги пред да стигнат до својата цел, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори, во раните утрински часови членови на ДАЕШ се обиделе да навлезат во местото Мери, кое е под опсада од страна на терористичката организација ДАЕШ и ПЈД, огранок на ПКК во Сирија.
Опозицијата соопшти дека во судирот се убиени 30 милитанти на ДАЕШ и биле уништени двете возила полни со експлозив, пред да стигнат до својата цел. Беше соопштено дека силите на коалицијата предводени од САД со авиони ги бомбардирале позициите на ДАЕШ во околината на Мари.
Минатата недела ДАЕШ ги зазеде градовите Кел Џибрин и Кефр Кеибин, по што го прекинаа патот кој ги поврзуваше Мари и Азез.