Burak Karacaoğlu
20 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушни напади на населбите во деескалационата зона во Идлиб, кои ги изврши режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и руските сили, загинаа најмалку седум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските и руските сили од утринските часови извршуваат напади на подрачјата Латамине, Арбаин, Кубејн и Тел Мелех, руралните подрачја на северниот дел на Хама и подрачјата Маратинуман, Ел Мастуме, Хиш, Маретирме и Ел Хабит, кои припаѓаат на зоната на деескалација на судири во Идлиб.
Во воздушните напади во Хиш загинаа тројца, а во Ел Мастуме - еден цивил.
Извори од Цивилната заштита наведуваат дека во нападот недалку од Маретирме загинале три лица, кои се наоѓале во амбулантни возила, а станува збор за тим кој патувал кон претходно нападнатиот Хиш.
Амбулантното возило е уништено во потполност.
Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека во нападите на режимот на Асад и на терористичките групи кои ги поддржуваат Иран и руските сили, извршени во мај врз Идлиб, загинале најмалку 234 цивили.
Од 17 септември 2018 година, кога со посредство на Турција и Русија е постигнат договор за Идлиб, како последица на нападите кои режимските сили продолжуваат да ги извршуваат, раселени се повеќе од 553.000 цивили.