Can Erözden
11 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 565 цивили од минатиот септември се убиени во нападите извршени од страна на режимските сили и терористичките групи поддржани од Иран и Русија во зоната на деескалација на судири во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека меѓу жртвите во зоната на деескалација на Идлиб од 17 септември 2018 година се наоѓаат 163 малолетни лица и 105 жени.
Со помош на своите поддржувачи, режимот на Асад го прекрши Договорот за зоната на деескалација, кој е потпишан минатиот септември во рускиот град Сочи.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин минатиот септември се согласија да го претворат Идлиб во зона на деескалација во која актите на агресија се строго забранети.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.