Dmitri Chirciu
11 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
МОСКВА (АА) - Апаз Илиев од автономната република во Руската Федерација, Ингушетија, кој е настарото регистрирано лице во Русија, почина на 123-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на руската новинска агенција ТАСС, на 123-годишна возраст почина Илиев, кој се наоѓаше во кома во една болница во Руската Автономна Република Ингушетија.
Илиев во руските регистри беше регистриран како најстаро лице.
Претседателот на Ингушетија, Јунусбек Евкуров, истакна дека Илиев, кој е роден на 1 март 1896 година, претходно се пријавил да биде прогласен за најстаро лице во светот.