Ekipa
11 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
АФРИН/АНКАРА (АА) - Во експлозија во Африн, Сирија, загинаа најмалку осум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Тирендe, во јужниот дел на Африн, активирана е експлозивна направа поставена на цистерна со гориво, при што дошло до истекување на гориво што предизвикало пожар.
Во нападот од кој настанала значајна материјална штета, ранети се 35 цивили.
Припадниците на безбедносните сили ја истражуваат дали зад нападот стојат терористите на ЈПГ/ПКК.
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“, Африн го ослободија од терористите на ЈПГ/ПКК. Меѓутоа, терористите и понатаму беа присутни во Тел Рифат, кој се наоѓа југозападно од Африн и повремено извршуваат напади во Африн.