Adham Kako
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во нападите на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на подрачјата Ајн Терма и Земелка, во Источна Гута, загинаа три деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Цивилната заштита на периферијата на Дамаск, Сераџ Махмут, изјави дека силите лојални на режимот на Асад извршиле напади врз населбите во Ајн Терми и Земелки, кои се наоѓаат под контрола на опозицијата.
Според неговите зборови, ранети се 13 цивили.
„Започнавме да работиме откако нападите запреа. Екипите ги префрлија ранетите до медицинските точки“, изјави Махмут кој потсети дека подрачјето на Источна Гута веќе пет години се наоѓа под воена опсада.
Источна Гута е една од неколкуте „зони без судири“ кои на 3. и 4. мај во Астана се воспоставени со посредство на Турција, Русија и на Иран.