?????
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
АНКАРА/АЛЕПО - Интензивните воздушни напади на руските авиони во северниот дел на Алепо и истовремените напади на војската лојална на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, од почетокот на оваа недела предизвикаа нов бегалски бран, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од локални извори, поради зачестените руски напади и нападите на режимските сили на коридорот помеѓу Турција и Алепо, скоро 20.000 луѓе мигрирале на север, во Азаз, додека 10.000 луѓе мигрирале во западните предградија на Алепо.
Дел од групата која се движи кон север, односно над 15.000 луѓе чекаат на граничниот премин Баб-и Селам, до градот Азаз. Од другата страна се наоѓа граничниот премин Онџупинар, во близина на турскиот град Килис.
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, претходно, во текот на донаторската конференција во Лондон, предупреди на нов бегалски бран од Алепо.
„Поради воздушните напади во Алепо, 10.000 нови бегалци чекаат на турската граница. Околу 60 - 70.000 мигранти, кои се наоѓаат во камповите на северот на Алепо, се движат кон Турција”, рече тогаш Давутоглу. Тој истакна дека очекува околу 300.000 луѓе, кои моментално се наоѓаат во Алепо, да преминат во Турција.