Halit Süleyman
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Во нападите на руските сили на Алепо и околината загинаа 18 а ранети се 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеникот на цивилната заштита на Етариб во западниот дел на Алепо, Ибрахим Ибрахим, изјави дека руските бомбардери извршиле напад на Центарот за цивилна заштита.
Како што изјави, во нападот загинале петмина вработени на центарот а три лица се повредени. Тој додаде дека покрај авионите, во нападите учествувала и флотата на руската морнарица. Ибрахим изјави дека проектилите кои ги лансирала флотата на руската морнарица паднале на обработлива површина во близина на Центарот и дека во притоа се уништени возила и е направена материјална штета.
Службеникот на Цивилната заштита во Алепо, Ибрахим Ебу Лејс, изјави дека руските бомбардери извршиле напади на населбите Фридевс, Хајдерије и Шеар. Во тие напади загинаа 13, а повредени се десет лица. Лејс додаде дека е направена и голема материјална штета, и дека повредените се пренесени во болница на периферијата.