Adham Kako
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека минатиот месец во Сирија загинале 197 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР се наведува дека во јануари оваа година 197 цивили, меѓу кои 57 деца и 27 жени, биле убиени од страна на конфликтните групи.
Според овој извештај, Асадовиот режим убил 44 цивили, од кои 12 деца и 4 жени, додека во нападите на Русија загинале 9 цивили, од кои една жена и две деца.
Од друга страна, во нападите на силите на меѓународната коалиција под водство на САД за борба против ДЕАШ смртно настрадале 37 цивили, од кои 15 деца и 12 жени.
Се вели дека неидентификувани страни убиле 55 цивили, од кои 10 деца и 6 жени, додека терористичката организација ДЕАШ убила 13 цивили, од кои три деца и една жена.
Според соопштеното, терористичката организација ЈПГ/ПКК убила 30 цивили, од кои 13 деца и 3 жени, додека воената опозиција, како и антирежимските вооружени групи, биле причина за смртта на 9 цивили, од кои 2 деца.
Во извештајот на СНХР се истакнува дека во јануари 2019 година 14 лица го загубиле својот живот со тортура.
Според тоа, силите на режимот со тортура убиле 11 лица, воената опозиција 2, додека терористичката организација ЈПГ/ПКК со тортура убила едно лице.