Mohamad Misto,Levent Tok
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
МАДАЈА (АА) - Во рамките на реализација на договрот за евакуација на населениот од опколените подрачја помеѓу сириската опозиција и режимот на Башар ал Асад, од градовите Мадаја и Зебадани евакуирани се 2.350 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува да се започне со евакуација од градовите Фуа и Кефреја, соопштија локалните извори.
Градот Мадаја е под опсада на силите на Башар ал Асад и либанскиот Хезболах од јули 2015 година, а повеќе десетици лица во декември 2015 година, според податоците на меѓународната организација Лекари без граници, во тој град под опсада умреле од глад. Мадаја и Зебадани се сместени на југозападниот дел на Сирија.