Sayed Khodaberdi Sadat
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
КАБУЛ (АА) - Нападот на американските воздушни сили со најсилната ненуклеарна бомба ГБУ-43, е извршен за да се спречи опасноста од терористите на ДЕАШ, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските воздушни сили вчера извршија напад врз позициите на терористите на ДЕАШ во авганистанскиот регион Нангархар,а во нападот е користена бомба ГБУ-43 која се смета за најсилна ненуклеарна бомба.
Нападот е извршен за да се спречи опасноста од ДЕАШ, а акциите против оваа терористичка организација во регионот се продолжуваат, пишува во соопштението.
Нагласено е исто така дека акциите се одвиваат со поспоро темпо за да се избегне страдање на цивилите, како и дека во моментот се обидува да се утврди колку терористи на ДЕАШ загинале во нападот.
Од друга страна, поранешниот претседател на Ирак, Хамид Карзаи жестоко го осуди нападот на американските сили.
„Авганистан не е регион за тестирање на тешко вооружување. Затоа силно го осудувам нападот. Овој напад е нехуман” , порача Карзаи.
Бомбата ГБУ-43 е позната и под називот „MOAP" (Massive Ordianance Ariblast Bomb), а исто така се нарекува и „мајка на сите бомби". Ова е првпат американските сили да го користат тој проектил на бојно поле.