Erdal Türkoğlu
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - На подрачјата на сириски Африн, кои се во склоп на операцијата на турските сили „Маслинова гранка“, ослободени од припадниците на ПЈД/ПКК, пронајдени се упоришта кои ги користеле терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата против терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ во Африн е продолжена, а турските сили презедоа контрола над неколку упоришта.
На забележаните снимки можат да се видат напуштени бетонски тунели, како и други упоришта на длабочина од два метри под површината.
Во покриените тунели долги околу 20 метри пронајдени се и кревети кои ги користеле терористите.