Betül Yürük
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, нема да учествува на 48-от Светски економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, на дневниот брифинг за новинарите изјави дека Гутереш, за кој претходно беше најавено дека ќе биде на Самитот, нема да оди во Давос поради „проблеми со планирањето“.
„И кога одиме во Давос сме критикувани, и кога не одиме“, наведе Дујариќ, истакнувајќи дека Гутереш одлучил да не оди во Давос.
Портпаролот Дујариќ изјави дека Гутереш ќе се приклучи на Самитот на Африканската унија во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, кој започна на 22 јануари и ќе трае до 29 јануари.