Ekip
26 Февруари 2025•Ажурирај: 28 Февруари 2025
ДАМАСК (АА) - Граѓаните во Дамаск ги зголемија активностите на пазарите во градот, подготвувајќи се за месецот на постот Рамазан, известува Анадолу.
За рамазанското купување сириските граѓани ги посетија Старата чаршија и пазарот „Баб Сраије“, кои се меѓу познатите пазари во главниот град Дамаск.
Ова е прв Рамазан што сириските граѓани ќе го слават по соборувањето на 61-годишниот режим на Баас во Сирија што се случи на 8 декември 2024 година.