Ahmed Satti
26 Февруари 2025•Ажурирај: 26 Февруари 2025
ПОРТ СУДАН (АА) - Во авионската несреќа во која воен авион вчера се урна врз куќа во областа Умдурман, западно од суданската престолнина Картум, животот го загубија 46 лица, меѓу кои има војници и цивили, известува Анадолу.
Според суданската официјална новинска агенција (СУНА), Владата на покраината Картум даде изјава во врска со вчерашниот пад на воениот авион „Антонов“ врз куќа во местото Умдурман.
Во соопштението се наведува дека во несреќата загинале 46 војници и цивили, а повредените 10 лица, меѓу кои има и деца, се пренесени во болницата „Ал Нау“.
Владата информирала дека се завршени операциите за отстранување на урнатините од куќата врз која се урна авионот.
Суданската армија вчера извести дека цивили и војници ги загубиле животите како последица на падот на воениот авион што полетал од воената база Вади Саидна во регионот Умдурман.