Ömer Koparan, Ethem Emre Özcan
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
АЛ БАБ (АА) - ОМЕР КОПАРАН/ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Жените полицајци во регионите на „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, кои Турција ги исчисти од тероризмот, работејќи рамо до рамо со нивните машки колеги даваат голем придонес за осигурување на безбедноста и мирот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жените што живеат во областите исчистени од тероризмот со воените операции на Турција, играат голема улога во развојот на регионот и бришењето на трагите од Граѓанската војна

Жените, кои работат со голема посветеност во речиси сите области на животот, особено во здравствениот, образовниот и услужниот сектор, со години играат важна улога во осигурувањето на безбедноста и мирот во регионите исчистени од тероризам.
Во регионите на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, полицајките, кои станаа важен дел од локалната полиција, од 2017 година работат рамо до рамо со своите машки колеги.
Тие поминаа низ забрзана обука од 2 до 6 месеци со поддршка на Турција.
Во моментов, околу 1.000 полицајки работат во обезбедување на јавниот ред, административните работи и на пунктовите во подрачјето на Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.

Граѓаните од регионот се исто така многу задоволни од присуството на полицајките, чиј број се зголемува од ден на ден.
Фатма Мохамед (35), која ги загубила сопругот и детето во нападите на режимот на Асад, веќе две години работи во подрачјето на Ал Баб.
„Јас сум од Хомс. Бевме под блокада на режимот на Асад пет години. Ги загубив сопругот и синот во нападот на режимот. Поминавме од Хомс на север од земјата. Тука мигрирав сама“, рече Фатма во изјавата за Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи дека е горда на својата работа, Фатма истакна: „Тука немам никого. По пријавувањето во полиција, присуствувавме на обуката. По дипломирањето, поставивме контролни пунктови, претресувавме жени, а исто така работиме и во администрацијата.“