Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
ИДЛИБ (AA) – AХМЕТ КАРААХМЕТ / МУХАМЕД ТЕМИМ ХОЏАОГЛУ -
Во регионите под контрола на режимот на Асад, граѓаните кои мораат да чекаат во долгите редици за да купат леб, истовремено се борат со новите поскапувања на лебот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новите покачувања на цената на брашното и лебот, што ги донесе режимот минатата недела, почнаа да влијаат на пекарниците.
Режимот на Асад, со новите поскапувања, ги зголеми цените на лебот за 100 проценти. Така, цената на лебот од 50 сириски лири е зголемена на 100 сириски лири.
Со поскапувањето, потешкотиите за снабдување со леб се уште поголеми, а пекарниците работат со ограничен капацитет. Поголемиот дел од граѓаните и покрај тоа што чекаат во долгите редици пред пекарниците, не можат да купат леб. Затоа лебот мора да го купат на црниот пазар.
Новите поскапувања на цените од страна на режимот ја зголемија и цената на лебот на црниот пазар. Така, во Хама и Алепо, лебот на црниот пазар се продава по 125 сириски лири. Има и такви што за лебот плаќаат и 200 сириски лири.
Во Дамаск, цените на лебот на црниот пазар се зголемија од 200 сириски лири на 250 сириски лири.
Зголемувањето на воените трошоци на режимот на Асад и тешкотиите во снабдувањето со гориво и пченица во регионот се меѓу главните причини за поскапувањето на цената на лебот.