Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
ХАСЕКА (АА) - МОХАМАД МИСТО / ЕТХЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, на барање на американските сили, ги евакуираше и ги заплени домовите на приближно 1.500 цивили во центарот на градот Хасека, во североисточна Сирија, кој е под нејзина окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на АА од локални извори, ЈПГ/ПКК ја чисти областа од цивилите, со цел да ги прикрие терористичките активности во областа Спортски комплекс, каде што се наоѓаат нивните таканаречени седишта во центарот на градот Хасека.
Терористите на ЈПГ/ПКК, кои добија упатства од американските сили, зазедоа 15 објекти на цивили, наведувајќи ги безбедносните причини како изговор.
Становите се наоѓаат во центарот на градот Хасека, во близина на објектите што ги користат американските сили и ЈПГ/ПКК.
Терористите, отворајќи оган, ги исплашија цивилите кои не сакаа да ги напуштат своите домови и се спротивставија на желбите на организацијата.
И покрај ветувањето за обесштетување, ЈПГ/ПКК не им плаќа никакво обесштетување на сопствениците на домовите.
Зградите изградени пред околу 20 години, се состојат од 5 ката, а во зградите што се евакуирани живееја околу 1.500 цивили.
- Спортскиот комплекс трансформиран во полигон за обука на терористите -
Спортскиот комплекс лоциран во градот Хасека го користи терористичката организација ЈПГ/ПКК заедно со американските сили.
Стадионот во Спортскиот комплекс, кој некогаш беше домаќин на спортски натпревари, сега служи како писта за американските хеликоптери.
Во Спортскиот комплекс, исто така, американската Армија обезбедува и практична обука за воздухопловите на ЈПГ/ПКК.