İdris Okuducu
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
БАГДАД (АА) - Судот во Ирак изрече смртна казна за петмина припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Судот во Ирак ја потврди информацијата, наведувајќи дека лицата, осудени на смрт, извршувале различни функции во терористичката организација.
Во својата изјава портпаролот рече дека истрагата утврдила дека членовите на ДЕАШ биле вмешани во различни терористички активности, насочени кон безбедносните сили во Мосул и Анбар.