Adham Kako
01 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ИДЛИБ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека во Сирија во септември се убиени 118 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведува дека меѓу убиените се наоѓаат 18 малолетници и 12 жени.
Податоците покажуваат дека режимските сили кои ги сочинуваат војската на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и терористичките групи кои ги поддржува Иран, усмртија 44 цивили, од кои 4 деца и 3 жени.
Во истиот период во воздушните напади на руски авиони, загина еден цивил, а на подрачјата под окупација на ЈПГ/ПКК, шест цивили, меѓу кои едно дете.
Опозицијата и антирежимските групи усмртија четири цивили, меѓу кои едно дете.
Не е утврдено кој е одговорен за смртта на 63 цивили, од кои 12 малолетници и 9 жени.
Оваа година во Сирија се убиени 2.682 цивили, од кои во јануари - 197, февруари - 246, март - 334, април - 324, мај - 416, јуни - 347, јули - 433, август - 267, а септември - 118.
Исто така, податоците покажуваат дека 22 лица починале како последица на измачување, од кои, за смртта на 21 лице се одговорни режимските сили.