Mohamed Sabry Emam Muhammed
28 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа на првиот ден од прекинот на огнот во Сирија, кој стапи на сила во саботата, 27-ми февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската опсерваторија за човекови права (SNHR) во денешниот извештај вели дека во Сирија вчера се забележани 14 прекршувања на прекинот на огнот од страна на режимските сили.
Од 15 убиени лица, 13 се опозициски борци. Според Сириската опсерваторија за човекови права, режимските сили поддржани од страна на руски воени авиони ги засилија нападите во Алепо во пресрет на примирјето.
Прекинот на огнот во Сирија е последен во низата дипломатски напори за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, која трае веќе пет години. Војната во Сирија започна во пролетта во 2011 година, кога се судрија војниците на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците кои сакаа Асад да го тргнат од власт.