Bayram Altuğ
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Еден хеликоптер на швајцарската армија се урна во југоисточниот дел на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на швајцарската информативна агенција „Свисинфо", полицијата информирала дека во кантонот Тичино, во југоисточниот дел на државата денеска се урнал хеликоптер на швајцарската армија.
Во извештајот на полицијата се вели дека не е познат бројот на лицата кои се наоѓале во хеликоптерот во моментот на несреќата и не се соопштени подетални информации дали во несреќата има загинати или повредени.
Според достапните информации хеликоптерот е од типот „Супер пума“ и се урнал на Алпите во близина на еден хотел. Спасувачките екипи пристигнале до местото на несреќата.