Sibel Uğurlu
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранските пратеници денес гласаа за нацрт-законот за признавање на Кудс за главен град на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според иранската државна новинска агенција, 207 од 290 пратеници гласале во корист на законот.
Во своето денешно обраќање во Собранието, спикерот Али Лариџани изјави дека времето кога е донесен законот е многу важно.
„Ова дојде како одговор на неодамнешната одлука на САД да го признае Кудс (Ерусалим) како главен град на Израел, со надеж дека ќе им нанесе удар на муслиманите“, рече тој.
На 6 декември американскиот претседател, Доналд Трамп, ја објави својата одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, со што предизвика низа осудувања и протести ширум арапските и муслиманските земји.