Yusuf Özcan
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Франција беше прекината продажбата на детското списание бидејќи беше напишано дека „Израел не е вистинска земја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските медиуми објавија дека во јануарското издание за 2018 година, во списанитео „Youpi“ наменето за деца е напишано дека „Израел не е вистинска земја“, на што реагираше челната група на сите еврејски организации во Франција (CRIF).
Издавачката куќа Бајард потоа соопшти дека продажбата е стопирана поради спорното прашање во списанието.
Паскал Руфенах, директор на издавачката куќа, рече дека во прашање е грешка и дека подетални информации за Израел ќе бидат споменати во следниот број.
„Youpi“ (Јупи) излегува од 1988 година и е едно од најпопуларните списанија за деца.