Selçuk Acar
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ЊУЈОРК (АА) – Советот за Безбедност на ОН (СБОН), го изрази своето големо жалење во врска со изведените терористички напади во Ирак и Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите членки чувствуваат голема тага и жалење за четирите жртви и петмината повредени, кои настрадаа во едни такви грозоморни и кукавички напади од страна на ДАЕШ, токму во Катиф, Џеда и во близина на едно од најсветите места за исламот, во џамијата на Пратеникот (Мухамед) во Медина“, беше објавено во соопштението за медиумите од Советот за безбедност при ОН, поврзано со терористичките напади во Саудиска Арабија.
Советот поддржан од сите свои членки, во соопштението за медиумите го истакна своето длабоко жалење за загинувањето на најмалку 250 лица и големиот број ранети во „одвратниот и кукавички" терористички напад во Ирак прд неколку дена, за кој одговорност презеде ДАЕШ.
Членките на Советот за безбедност ја истакнаа потребата од изнесување на виновниците за нападите пред лицето на правдата, потенцирајќи дека теророт во секоја негова смисла претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност.