Tufan Aktaş
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
МОГАДИШУ
Тројца војници загинаа во бомбашки и вооружен напад извршен врз воена база во јужниот дел на Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на сомалиската Влада, Исмаил Мухтар Омер, истакна дека милитантите на терористичката органзиација Еш-Шебаб извршиле напад со возило исполнето со експлозив врз воената база во зоната Бај.
Омер нагласи дека по експлозијата, настанал судир меѓу војниците и милитантите, и дека нападот бил поттиснат.
Меѓу другото, Адан Кејроу, воен претставник од зоната Бај, во изјава дадена за АА нагласи дека во настанатиот судир смртно настрадале тројца војници, додека убиени се голем број милитанти на терористичката организација Еш-Шебаб.
Инаку, вчера беше извршен бомбашки и вооружен напад во еден хотел во сомалискиот главен град Могадишу, при што животот го загубија околу 20 лица. Одговорноста на овој напад ја презеде Еш-Шебаб.