Tufan Aktaş
07 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 100 припадници на терористичката организација Ал-Шабаб во Сомалија се неутрализирани во последните три недели во воена операција покрената против оваа терористичка организација во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на сомалиската национална телевизија „СНТВ“, безбедносната операција покрената во регионот Централен Шабел се спроведува веќе трета недела.
Досега во операцијата се убиени повеќе од 100 терористи.
Сомалиската војска на 3 јуни објави дека генерал-мајор Мухамед Абдивахид, началникот на Шестиот баталјон на специјалните сили, загинал во судирите со терористите во Централен Шабел.
Терористичката организација Ал-Шабаб често извршува напади насочени кон безбедносните сили и врз населени подрачја во Сомалија.