Ekipa
15 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку три лица загинаа во два напада чија цел наводно бил сомалискиот премиер Хасан Али Хаире, соопшти полицијата.
Мустафа Абдирахман, полициски службеник во подрачјето на Долно Шабеле, за Anadolu Agency (AA) изјави дека првиот напад бил експлозија на граната која се случила додека Хаире се обраќал пред маса луѓе во пристанишниот град Мeркa.
„Во нападот загина еден, а повредени се неколку цивили. Меѓутоа, премиерот и неговата делегација безбедно го напуштија местото и се вратија во главниот град Могадишу“, рече Абдирахман и додаде:
„Набргу потоа, минофрлачки проектил го погодил тоа подрачје, усмртувајќи двајца цивили, меѓу кои и една жена.“