Serdar Dincel
20 Ноември 2026•Ажурирано: 20 Ноември 2026
Том Барак, специјален претставник на САД за Сирија и Ирак, денес ги поздрави енергетските разговори меѓу американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и Сириската нафтена компанија, истакнувајќи дека Сирија сега е отворена за „вистински договори“, јавува Анадолу.
„Сирија сега е отворена за вистински договори, во обем и приспособени на моментот, со водечките американски компании.“
„Горд сум што ги гледам ‘Шеврон’ и Сириската нафтена компанија како работат заедно за да го ослободат енергетскиот потенцијал на Сирија, да ја обноват критичната инфраструктура и да го поттикнат економскиот раст“, напиша Барак на американската платформа за социјални медиуми X.
Неговите коментари доaѓаат по еден ден откако извршниот директор на Сириската нафтена компанија, Махер Калил ал-Хасан, се сретна со делегација на „Шеврон“ за да разговараат за унапредување на меморандумот за разбирање во договор за имплементација за истражување на нафта и гас во Блок 1, офшор блок лоциран во сириските територијални води.
Партнерството е дел од напорите на Сирија да привлече странски инвестиции и да го оживее својот енергетски сектор оштетен од војната, објави Сириската арапска новинска агенција.