Ahmet Salih Alacacı
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, истакна дека поддршката на Вашингтон за вооружените групи во северниот дел на Сирија била од привремен карактер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Односот на САД со СДС (таканаречени „Сириски демократски сили“ - група раководена од терористичката организација ЈПГ/ПКК) е ’тактички‘ и ’трансакциски/спогодбен‘“, истакна Џефри во обраќањето во Атлантскиот совет, тинк-тенк организација од Вашингтон.
„Ние немаме постојани односи со поддржавни ентитети“, нагласи тој, додавајќи дека САД ги поддржувале СДС со посебна цел - борба против ДЕАШ.
САД соработува заедно со ЈПГ/ПКК во Сирија во обидите да ја отстрани ДЕАШ од регионот.
ЈПГ претставува сириски огранок на ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и САД.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК е одговорна за смртта на околу 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца.