Ekipa
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ЗАПАДЕН БРЕГ (АА) - Група еврејски доселеници извршиле упад во областа населена со Палестинци во северниот дел на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел. Ги издупчиле гумите на автомобилите, а оштетувајќи ги ѕидовите на џамија и на куќите, испишале расистички слогани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според очевидците од подрачјето, група од еврејски доселеници упаднале во појасот Јасуф во областа Селфи во северниот дел на Западниот Брег и на ѕидовите од џамија и на куќите испишале расистички слогани, а во исто време ги издупчиле гумите од автомобилите.
Окупираните палестински подрачја често се подложни на напади од Евреите доселени во околината.
По војната во 1967 година, кога Израел го окупираше Западниот Брег, на ова подрачје нелегално се изградени околу 250 еврејски населби. Во овие населени места живеат над 600.000 еврејски доселеници.
Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираните територии се сметаат за нелегални.