Fatih Hafız Mehmet
13 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот и грчкиот министер за надворешни работи се согласија да формираат технички работни групи, со цел решавање на прашањата, вклучувајќи ги и мерките за градење доверба, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
На маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана во Брисел, средба остварија турскиот министер Хулуси Акар и грчкиот министер Евангелос Апостолакис, на која стана збор за актуелните прашања помеѓу двете земји.
Нивниот состанок се одржа набргу по официјалната посета на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на Турција минатата недела.