Abdullah Aşıran
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
ДЕН ХАГ (АА) - Министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, изјави дека терористичката група ЈПГ ги крши човековите права и дека е поврзана со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Блок упати пишан одговор до претставниците на комисијата која од Владата на Холадија побара одговори на прашањата во врска со поддршката на опозицијата во Сирија.
Во писмото на Блок е наведено дека Владата на Холандија не пружа поддршка на ЈПГ/ПКК, односно на силите кои на северниот дел на Сирија дејствуваат под плаштот на т.н Сириски демократски сили (СДФ).
„Објавени се повеќе различни извештаи кои укажуваат на тоа дека ЈПГ врши кршење на човековите права. Освен тоа, ЈПГ е поврзана со терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листа на терористички организации од страна на ЕУ. Исто така, ЈПГ има поврзаност и со сирискиот режим и води борба против умерената опозиција за да дојде до својата цел на автономниот регион“, порача Блок.
Холандскиот министер укажа и на извештаите на Амнести Интернешнал и Организацијата за следење на почитувањето на човековите права за ЈПГ/ПКК, и нагласи дека припадниците на оваа организација вршеле насилство врз населението во регионот, како и дека киднапирале деца и принудно им давале оружје и ги праќале во редовите на ЈПГ/ПКК.