Muhammed Bilal Kenasari
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Откако вчера беше повторно донесена одлуката за воведување на хуманитарна пауза во сирискиот град Алепо, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби изјави дека нема информации колку ќе трае оваа одлука и што ќе биде на крајот од сето тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Познато е дека хуманитарната пауза ќе почне утре, 4 ноември, и ќе трае од 09:00 до 19:00 часот. Меѓутоа, дали повторно ќе биде продолжена и каков ќе биде резултатот, тоа не е познато.
„Не знам колку ќе трае наредбата на Русија за прекин на огнот во Сирија, како ни до што ќе доведе тоа и каков ќе биде резултатот. Дали намерата е да се намали насилството во Алепо? Ако ги погледнеме претходните примери, тогаш можеме да видиме дека расте интересот на екстремистичките групи за Сирија. Припадниците на опозицијата војуваат похрабро. Насилството е во пораст и војната ќе биде продолжена“, истакна Кирби во Вашингтон.
Тој нагласи дека Турција е важен сојузник на НАТО. Кирби изјави дека улогата на Турција во борбата против терористичката организација ДЕАШ е важна. Тој рече дека очекува да биде продолжена соработката со Турција.
Да се потсетиме дека руското Министерство за одбрана на 20 октомври донесе одлука за воведување хуманитарна пауза во која нема да се извршуваат воздушни напади во Алепо, за да се овозможи евакуацијата на цивилите од тој град и повлекување на вооружените опозициски групи кон Идлиб.