свет

Столтенберг и Руте изразија загриженост за ескалацијата во Либан

- Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг и неговиот назначен наследник Марк Руте денес изразија загриженост поради ескалацијата во Либан, изразувајќи надеж за мир

Burak Bir  | 01.10.2024 - Обновена : 01.10.2024
Столтенберг и Руте изразија загриженост за ескалацијата во Либан

ЛОНДОН (АА) - Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг и неговиот назначен наследник Марк Руте денес изразија загриженост поради ескалацијата во Либан, изразувајќи надеж за мир, јавува Анадолу.

„Се разбира, ние сме длабоко загрижени за ескалацијата што ја гледаме на Блискиот Исток и во Либан“, рече Столтенберг во обраќањето пред новинарите со Руте во Брисел.

Тој додаде дека ги поддржуваат напорите на сојузниците во НАТО да најдат начин за деескалација и изнаоѓање политичко решение за актуелните непријателства, како и за ситуацијата во Либан.

Руте, кој денес ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО, рече дека внимателно следат што се случува во Либан.

„Се разбира, се надеваме дека непријателствата ќе завршат колку што е можно поскоро, но постои јасна загриженост“, рече Руте, додавајќи дека тие се во близок контакт со сојузниците во НАТО во врска со ескалацијата.

Денес Руте ќе стане нов шеф на НАТО по церемонијата на примопредавање и ќе го замени Јенс Столтенберг, кој беше на чело на Алијансата една деценија и чиј мандат беше продолжен поради војната во Украина.

Од 23 септември Израел започна масовни воздушни напади врз „локации на Хезболах низ Либан“, во кои загинаа над 1.057 лица, а повредени се повеќе од 2.950, објави либанското Министерство за здравство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.