Ekipa
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Aлијансата е подготвена за придонес во градењето на безбедност во Либија, откако условите ќе дозволат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на НАТО, зборувајќи на прес-конференција изјави дека го поддржува либискиот прекин на огнот.
„Видовме присуство на воени авиони и платеници финансирани од Русија и сите руски воени можности“, рече тој во одговор на прашањето за воените трупи на Русија во регионот.
„За НАТО, тоа само ја нагласува важноста за поддршка на напорите предводени од ОН за изнаоѓање на решение за либиската криза со преговори“.
Големите инвестиции на Русија во нова воена опрема и зголеменото воено присуство долж границите на воениот сојуз стануваат еден вид шема, истакна Столтенберг.
Руската присутност не е само во Либија, туку и други делови на Африка, Блискиот Исток, Сирија, Балтикот и далечниот север.
Тој додаде дека овие случувања предизвикале голема загриженост за НАТО, и дека Алијансата одблиску ги следи и инвестира во нови можности како одговор на амбициозната Русија.