Ekipa
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека Северноатлантската алијанса не сака нова Студена војна со Русија, иако нејзините членови се загрижени поради зголемувањето на бројот на руските трупи долж границата со НАТО, јавува Anadolu Agency (АА).
Загрижени сме поради недостатокот на транспарентност кога станува збор за воените вежби. Русија е наш сосед, не сакаме да ја изолираме. Не сакаме нова Студена војна, рече генералниот секретар на НАТО.
Тој додаде дека 29-члениот сојуз го зголеми бројот на патролите со борбени авиони над Црното Море, како одговор на агресивните акции на Русија во Украина.