свет

Стотици на улиците на Сан Франциско го славеа прекинот на огнот во Газа, протестирајќи поради израелската агресија

Демонстрантите вееја палестински знамиња, држеа транспаренти и извикуваа слогани за поддршка на Палестина.

Ekipa  | 17.01.2025 - Обновена : 17.01.2025
Стотици на улиците на Сан Франциско го славеа прекинот на огнот во Газа, протестирајќи поради израелската агресија Фото: Tayfun Coşkun/АА

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Стотици пропалестински демонстранти вчера синоќа пред Федералната зграда во Сан Франциско, САД, за да го прослават прекинот на огнот во Газа и да протестираат поради агресијата на Израел врз Палестина, јавува Анадолу.

Демонстрантите вееја палестински знамиња, држеа транспаренти и извикуваа слогани за поддршка на Палестина.

Во средата Катар објави договор за прекин на огнот за ставање крај на смртоносните израелски напади врз Појасот Газа што траат повеќе од 15 месеци.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера го потврди договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела.

Тој ја претстави првата фаза, која ќе трае 42 дена и опфаќа ослободување на 33 израелски затвореници во замена за голем број палестински затвореници.

Прекинот на огнот ќе се случи на 467. ден од израелската неселективна воена кампања врз Газа, во која се убиени над 46.700 Палестинци, повеќето жени и деца, која започна по прекуграничниот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година. Во тој напад загинаа околу 1.200 луѓе, а речиси 250 беа вратени од Газа како заложници.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.