Ikrame Imane Kouachi
17 Јануари 2025•Ажурирај: 17 Јануари 2025
АНКАРА (АА) – Кабинетот за безбедност на Израел денес започна со разгледување за одобрување на договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас, објавија израелските медиуми, јавува Анадолу.
Откако Кабинетот ќе го одобри договорот, тој ќе биде проследен до Владата за натамошно одобрување, иако сè уште не е утврден датумот за владината седница, пишува весникот „Једиот Ахронот“.
Предложениот договор, чија цел е да се стави крај на тековната војна во Газа, вклучува размена на заложници што ги држи Хамас за палестински затвореници што се наоѓаат во израелските затвори.
Оваа средба се одржува во услови на зголемен меѓународен притисок за обезбедување прекин на огнот и справување со сериозната хуманитарна криза во Газа.