?????
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (AA) - Набљудувачите за човекови права во Сирија, соопштија дека во конфликтот во Сирија од почетокот на декември, убиени се 1.793 луѓе, со што бројот на жртвите од почетокот на годинаta се искачи на 21.179 луѓе, јавува Anadolu Agency (АА).
Во извештајот за загинати во судирите во Сирија, оваа година се наведува дека 75 проценти од вкупниот број на загинати, односно 15.748 луѓе се убиени во напади од армијата лојалнa на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
"Во нападите на силите на режимот загинале 3.704 вооружени борци, 2,592 деца, 1.957 жени и вкупно 12.044 цивили. Меѓу оние кои беа убиени во нападите од страна на војската на режимот оваа година, 1.556 луѓе се убиени со измачување, вклучувајќи најмалку седум деца и четири жени", се вели во извештајот.
Според извештајот, податоците за убиените јасно укажуваат дека цивилите се директна мета на сириската армија и дека оваа година во просек, во овие напади, на ден биле убивани до десет деца. Активистите документираа дека од почетокот на годината во нападите од страна на радикалните групи во Сирија загинале најмалку 2.265 луѓе. Од тој број, повеќето од загинатите се убиени во нападите на ДАЕШ, односно 2.098 од нив. Терористите на ДАЕШ убиле 732 вооружени лица и 1.366 цивили. Меѓу настраданите цивили има 149 деца и 188 жени. Со мачење се убиени најмалку осум лица.
Во извештајот се наведува дека 277 цивили се убиени во воздушните напади на меѓународната коалиција против ДАЕШ, меѓу нив 87 деца и 46 жени. Различни групи имаат извршено голем број на напади на бродови и чамци врз групи на луѓе кои се обидоа да ја напуштат Сирија и во таквите напади загинале најмалку 787 лица, вклучувајќи и 631 цивил.
Истражувачите истакнаа дека на терен се соочуваат со големи тешкотии во документирањето на податоците за човечките загуби и поради тоа прикажаните бројки во целост не ја претставуваат вистинската слика за состојбата и дека бројот на жртвите е секако повисок.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, од кога загинаа над 250.000 луѓе.