İbrahim Tığlı
11 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Армијата на Судан ја опколи државната радио-телевизија, а војниците влегоа внатре, јавува Anadolu Agency (AA).
Може да се забележи како по улиците се распределуваат војниците и припадниците на Силите за брзи интервенции кои се дел од Армијата.
Соопштено е дека повеќе од 100 раководители од владејачката партија Национален конгрес се приведени од страна на Суданската разузнавачка служба, јавува Anadolu Agency (AA).
Според објавените информации, меѓу приведените се наоѓа и Абдурахман Мухамед Хусеин, претседателот на партијата и поранешен министер за одбрана.
Државната радио-телевизија уште од раните утрински часови објавува национални маршеви и песни, а во титлите се наведува дека за кусо време Армијата ќе објави важно соопштение.
Во Судан се запрени летовите од меѓународниот аеродром во Картум. Дозволено е само слетување на авиони.
Очевидците велат дека Армијата под опсада ја држи и претседателската палата во Хартум.

Од друга страна, илјадници Суданци кои одговорија на повикот на опозициската Професионални комори на Судан (SPA) напредуваат кон Генералштабот на Армијата на Судан кој се наоѓа во главниот град.