Hasan Esen
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
ЛОНДОН (АА) – Едно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека медиумите не сакаат да ги нарекуваат „терористи“ екстремно десничарските напаѓачи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за следење на медиуми „Сигнал Ал“, во последните две години анализираше повеќе од 200.000 илјади информации за различни 11 терористички напади објавени во печатот, радиото и телевизијата, и тоа на 80 различни јазици.
Според тоа, во медиумите, муслиманите „екстремисти“ 3 пати повеќе се идентификувани како терористи отколку екстремно десничарите. Седумдесет и осум отсто од информациите што се пласирани, а се однесуваат на напад од страна на муслиманите „екстремисти“ беа поврзани со тероризам, а таа стапка кај десничарските екстремистички напади остана на 24 проценти.
„Вестите за нападите на муслиманските екстремисти се пишуваат различно од вестите за нападите на екстремистичките десничари“, се заклучува во истражувањето.
Сепак, изненадувачки е тоа што медиумите го опишаа како терористички нападот врз двете џамии во Нов Зеланд. Во истражувањето се проценува дека на тоа влијаело тоа што премиерката Џасинда Ардерн во рок од 6 часа го идентификувала нападот како терористички.
Како за споредба, претседателот на САД, Доналд Трамп, не покажа подготвеност во октомври 2018 година да го квалификува како терористички акт нападот врз синагога во државата Пенсилванија.
Во анализата, исто така, се истакнува дека ставовите на лидерите се одразуваат врз веста.