Mohammad Sıo
01 Ноември 2025•Ажурирај: 02 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Судански воени авиони извршија воздушни напади врз позициите на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) низ Северен и Западен Кордофан во централен Судан, објавија локалните медиуми денес, известува Анадолу.
Нападите беа насочени врз клучните области на распоредување во Бара, Западен Ал-Обеид, Ал-Хуви, Абу Забд, Ал-Нухуд и Бабануса, објави суданскиот медиум Судан Њуз.
Инфорамативниот портал објави дека врза основа на информации добиени од воени извори, во нападите се уништени најмалку 20 борбени возила на РСФ.
Армиските сили ја нападнале и областа Ал-Мазуб во Северен Кордофан и Ум Марахик и Ајал Бахит во Западен Кордофан, каде што биле откриени активни движења на РСФ.
Во нападите биле погодени и два резервоари за гориво и еден камион со муниција, при што, според првичната проценка, убиени или ранети се десетици борци на РСФ.
Во веста се наведува дека воздушните напади биле изведени откако армијата открила дека борците на РСФ и странските платеници се подготвувале да започнат голема офанзива врз градот Ал-Обеид.
РСФ не даде коментар за нападите.
Од 15 април 2023 година, суданската армија и РСФ се заглавени во војна која бројни регионални и меѓународни медијации не успеаја да ја прекинат. Во конфликтот се убиени околу 20.000 луѓе и расели се над 15 милиони, како бегалци и внатрешно раселени лица, се вели во извештаите што ги објавија ОН и локалните медиуми.