Berk Kutay Gökmen
01 Ноември 2025•Ажурирај: 02 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Малдивите денес воведоа забрана за тутун според возраста, означувајќи историска пресвртница во своите напори за заштита на јавното здравје и промовирање генерации без тутун, се вели во соопштението на Министерството за здравство, известува Анадолу.
„Забрана за тутун според возраста ја одразува силната посветеност на Владата за заштита на младите луѓе од последиците што ги предизвикува тутунот и е во согласност со обврските на Малдивите според Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за контрола на тутунот“, се вели во соопштението.
Законот, ратификуван од претседателот Мохамед Муизу во мај, ги поставува Малдивите како прва земја којашто спроведува национална забрана за тутун според возраста.
На лицата родени на 1 јануари 2007 година или потоа, им е забрането да купуваат, користат или да им се продаваат производи од тутун на Малдивите. Забраната ги опфаќа сите видови тутун, а трговците на мало мора да ја потврдат возраста на купувачите пред да извршат продажба.
Малдивите спроведуваат строга забрана за увоз, продажба, дистрибуција, поседување и употреба на електронски цигари и производи за вајпингот, што важи за сите, без оглед на возраста.