Ruslan Rehimov
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
БАКУ (АА) – Во воените судири на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, загинаа 70 припадници на ерменските сили и уништени се 5 ерменски тенкови, јавува Anadolu Agency (АА)
Во изјавата на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека продолжува затегната состојба на линијата на фронтот. Неуспешни се обидите на Ерменија за враќање на загубените позиции, но припадниците на ерменските воени сили истовремено отвараат оган и врз цивилното население.
Во престрелките во подрачјето на Магадиз кое се наоѓа во регионот на Агдере, азербејџанската војска уништила ерменски команден штаб.
Министерството изјави дека во судирите со ерменската војска уништени се 5 тенкови и 5 возила полни со муниција, а загинати се околу 70 припадници на ерменската војска.
Последните два дена во судирите помеѓу двете војски загинале и 16 припадници на азербејџанските воени сили.